Легендата на Јунајтед: Не сакам повеќе да ги гледам, го допреа дното

Макфакс

04/12/2023

15:07

2.295

Големина на фонт

а а а

Гери Невил поранешен капитен на Манчестер jунајтед, порача дека веќе не може да го гледа својот поранешен клуб. Невил во кариерата одигра 602 натпревар за „црвените ѓаволи“, освои 21 трофеј.

„Не сакам повеќе да ги гледам и тоа е најтажното нешто што можете да го кажете за клубот за кој навивате. Дека ви е здодевно да ги гледате, дека ви е доста од тоа. И не сум само јас, неколку луѓе во последните неколку недели рекоа: „Доста е“, рече Невил по шестиот пораз на Јунајтед во лигата сезонава.

Работите за Јунајтед се далеку од идеални ако се знае дека имаат исклучително тежок распоред во наредниот период. „Црвените ѓаволи“, во наредните 30 дена ќе играат против Челзи, Баерн, Ливерпул, Астон Вила и Тотенхем.

„Го сакам тој клуб и ги сакам фудбалските возбудувања, но веќе се плашам што ќе се случи на „Енфилд“ за две недели. Се плашам што ќе се случи во среда навечер и против Челзи бидејќи може да дојде до хаос. Немам доверба, целиот клуб ја изгуби нашата доверба како навивачи. Реалноста е таква што тие одново и одново го допираат дното“, рече Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг