Белингем: Летам на теренот, но знам дека го разочарувам Анчелоти во еден аспект

Дерби

04/12/2023

13:57

1.419

Големина на фонт

а а а

„Тутоспорт“ традиционално секоја година ја доделува наградата „Златно момче“ за најдобриот млад играч во светот, а последното вакво признание замина во рацета на Џуд Белингем.

Младата ѕвезда на Реал Мадрид воодушевува со своите настапи на 20 години и поставува нови граници како член на „кралевите“, но и покрај тоа што доминира во секој поглед на фудбалски план, Џуд е свесен дека го разочарува Карло Анчелоти кога е во прашање едукацијата на јазикот во новата земја.

Говорејќи ексклузивно за „Тутоспорт“, Англичанецот го посочи единствениот сегмент од кој Анчелоти не е задоволен, а тоа е неговата слаба употреба на шпанскиот јазик.

– Сите заслуги за мојот старт во Реал Мадрид одат на сметка на Анчелоти. Тој ја пронајде идеалната позиција за мене на теренот. Ми дава слобода на теренот и буквално летам во овој момент.

– И покрај се, знам дека го разочарувам во еден аспект. Се уште не зборувам шпански и нависитна морам да се извинам за тоа. Жалам што морам да признаам, но ми излегуваат навистина многу пречки во процесот на учење на шпанскиот јазик. Признавам дека ми оди тешко, но ветувам максимална посветеност и на тоа поле. – изјави Белингем.