Холгер Руне имаше позитивен ефект во пресметките со Новак Ѓоковиќ до завршницата на оваа сезона, која на крајот ја финишираше со два порази од светскиот рекет број еден.
Данецот имаше предност од 2:1 во меѓусебните пресметки со Србинот, но Ноле успеа да слави во Париз и Торино, и тоа во ситуација кога тренер на Руне стана неговиот поранешен соработник.
Борис Бекер ќе биде тренер на Руне и во 2024-та година, а самиот 20-годишен Данец вели дека една од целите на која треба да се залагаат заедно со Алкарас и Синер е – испраќање на Ѓоковиќ во пензија.
– Стварно ми е мило што сум дел од таа тројка со Синер и Алкарас. Тројцата имавме одлична сезона, Јаник беше феноменален на крајот, Алкарас го освои Вимблдон. За овој спорт е добро кога има неколкумина кои можат да доминираат на турот. Не велам дека веќе доминираме, но целта е таа.
– Во овој момент, се уште пред нас е Новак. Тој се уште е тука, мораме да пробаме да го тргнеме од врвот. Новак освои три од четирите грен слем турнири во 2023-та година, не можеме да кажеме дека тој полека си заминува. Не гледам зошто би престанал да игра, ако продолжи да не победува. Тој нема да се повлече се додека не почнеме редовно да го победуваме. Ќе успееме во тоа само ако напорно работиме и го подигнеме актуелното ниво. Според мене, добро е тоа што Новак се уште е тука, тој ни е пример за тоа како треба да работиме, – потенцира Руне.