Барела го посочи најтешкиот противник во Серија А по големата победа во Неапол

Дерби

04/12/2023

13:26

1.198

Големина на фонт

а а а

Интер славеше со убедливи 0:3 на гостувањето на „Диего Марадона“ и покажа дека е фаворит број еден за освојување на Скудетото, бидејќи синоќа презентираше сплотеност и одлучност на гостувањето кај актуелниот италијански шампион.

Тимот на Симоне Инѕаги делуваше како казнена експедиција и постигна три гола во мрежата на „наполитанците“, а убедливо најатрактивен беше оној на Николо Барела за 0:2.

Играчот за врска со минијатура во шеснаесетникот ги воодушеви фановите на Интер, па по победата го посочи и ривалот кој тој го смета за најтежок во битката за Скудетото.

– Наполи е италијански шампион со причина и беше тешко да се победи. Нормално беше да страдаме, се браневме долго, но покажавме дека сме добро подготвени за секаков пристап. Го посветувам овој гол на мојата сопруга и на моето дете, – изјави Барела.

– Ова е чекор плус за нас, знаеме дека патот е долг, но вакви натпревари знаат да ја променат сезоната. Според мене, Јуветус е најтежок тим за играње. Против Јувентус немавме простор за игра, тие добро ги покриваат сите делови од теренот и се бранат добро. Против Наполи наидовме на поотворен тим и успеавме да профитираме од таквиот пристап, – изјави Барела.