Иако резултатски звучи нависитна убедливо (0:3), победата на Интер над Наполи не беше така лесно остварена, бидејќи домашниот тим беше доста поконкретен на резултат 0:0 и пропушти изгледни шанси за поинаков тек на мечот.
Елиф Елмас и Политано ги имаа најдобрите шанси за италијанскиот првак во воведното полувреме, но Интер беше како казнена експедиција на „Диего Марадона“ и се покажа како единствениот тим кој беше расположен за голови.
Триумфот од 0:3 ги става во позиција да бидат фаворити во трката за Скудетото, а додека во Милано се задоволни од епилогот, во Неапол и покрај уверливиот пораз најдоа многу забелешки.
Наполитанците сметаат дека не бил досуден чист прекршок врз Лоботка во зачетокот на акцијата за 1:0, но има големи поплаки и за недосудениот пенал врз Осимен при резултат 1:0 (акцијата заврши со добра шанса за Кварацхелија и извонредна одбрана на Зомер).
– Мацари претпочиташе да не дојде да дава бесен изјава, бидејќи ние го сакаме него кај клупата. Решивме да избегнеме ситуација во која одредени коментари ќе го стават во проблеми. Ние сме многу незадоволни од судењето, сметаме дека Наполи како шампион и нашите фанови не заслужуваат ваков третман. Изгледаше како судиите и луѓето во ВАР да имаа слободен ден, но тоа може да му се случи на секого, – изјави директорот на Наполи, Мауро Мелусо.
– Првиот гол ни зададе голем удар, а имаше чист фаул врз Лоботка во зачетокот на акцијата. Требаше да има експресна реакција од судијата, без асистенција на ВАР. Вториот инцидент кој ни нанесе голема штета е панлот врз Осимен. Доби удар во ахиловата тетива, тоа беше очигледен прекршок за пенал, но не добивме такво нешто, – додаде Мелусо.