Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски

Дерби

04/12/2023

12:28

1.238

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити на трето дерби во низа испушти предност и победа во самата завршница, па тоа изгледа му дојде премногу и на човекот кој има видено многу работи во фудбалот.

Пеп Гвардиола беше бесен на судијата Сајмон Хупер поради прекинатата контра во ситуација кога Грилиш излезе сам пред голманот на Тотенхем, а тоа беше само еден од двата моменти кои Шпанецот доста емотивно ги преживеа.

Менаџерот на европскиот шампион претходно доби голем шок од фудбалерот со македонско потекло, кој во 90-та минута успеа да погоди за 3:3 и да ги замолкне сите присутни на „Итихад“.

Дејан Кулушевски беше подобар во дуелот со Аке и постигна гол со глава, а по истиот Пеп Гвардиола имал и еден таканаречен „Ван Гал момент“.

Легендарниот Холанѓанец режираше момент за паметење кога театрално падна на земјата додека го водеше Манчестер Јунајтед, па вчера и Пеп се превртел на глава кога Кулушевски постигнал гол за 3:3.