[ВИДЕО] Спасовски: Таткото го организирал киднапирањето на Вања за да изнуди пари од мајката

Точка

04/12/2023

09:39

17.059

Големина на фонт

а а а

„МВР под водство на ОЈО во текот на изминатата ноќ го расчисти случајот откако вчера се добија информации и се обезбедија докази и беа пронајдени телата на двете лица кои се водеа за исчезнати. Иако за жал завршницата не не доведе до исходот кој го посакувавме сите, да ги пронајдеме живи, туку и малолетничката и 74-годишното лице од Велес беа најдени убиени и закопани во близината на Скопје, односно во Велес. Сакам да изразам најдлабоко сочуство до семејствата на жртвите, ова го велам во името на сите“, рече министерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата која се уште трае.

„Преземените мерки не доведоа до извршителите на овој грозоморен чин. Осомничени се пет лица, за три е определена мерка притвор, едно е надвор од државата, а таткото на малолетничката е приведен и извршен е распит“, рече Спасовски.

„Мотивот е користољубие при што едно од лицата во договор и со знаење, според првичните сознанија на член на семејството го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката, за сите да имаат корист од тоа“.

„Повозрасното лице од Велес нема никаква врска со малолетничката, но поради негови врски со еден од осомничените неговото возило е земено и со тоа била земена малолетничката од влезот на живеалиштето откако претходно таткото споделил информација за времето на нејзиното излегување сама од дома“, рече Спасовски.

„Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27.11.2023 некаде околу 11 часот ја усмртил малолетничката исплашен од доказите до кои може да дојде МВР, го сторил тоа кривично дело. Ќе сторам се овој монструм на кој му ја следиме трагата штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски.

„Вакви конструкции коишто се пласирани во јавноста, дека било грабнато во парк и однесено на друго место воопшто не соодетсвуваат со вистината. Ова е изолиран случај, инцидентен случај кој што има организатори и крајна цел. Ова нема врска со јавната безбедност генерално. Ова лице, според утврдените факти е грабнато внатре во влезот на зградата, по претходно добиена информација кога излегува и дека излегува сама. Ова е сосема различно од тоа што се имплицира“, рече Спасовски.

Тој додаде дека е апсолутна лага дека заради самитот на ОБСЕ воопшто не се постапувало по барањето на девојчето или дека не објавиле јавно.

„Ниту јас како човек, ниту никој Полицијата или во Јавното Обвинителство нема да дозволи заради одржување на настан да се прекине нешто“, кажа министерот.

„Утврдено е дека двете од лицата коишто биле со возилото цитроен, по претходно добиената информација, вечерта пред извршувањето на грабнувањето, дека девојчето ќе биде само, во влезот од зградата го земаат и со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење, го ставаат во гепек. Пред возилото цитроен, цело време се движи рено. Однесено е на локација надвор од Скопје, каде што е извршено убиството, па потоа е запалено возилото“, рече Спасовски.

Пресот можете да го гледате во продолжение:

Прес-конференција на МВР Спасовски и ОЈО Бубевски

[🔴Во живо] Прес-конференција на МВР Спасовски и ОЈО Бубевски

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Monday, December 4, 2023



Спонзорирани линкови

Маркетинг