Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро

Дерби

03/12/2023

13:23

2.485

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед не успеа да се снајде на жешкиот терен на „Сент Џејмс Парк“ и претрпе пораз од Њукасл од 1-0 во една од најинтересните средби од актуелното коло во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ повторно покажаа слабости, истите беа искористени од домашниот состав кој со ова славје и го мина противникот на табелата.

Повторно има критики за избраниците на Ерик Тен Хаг, овојпат од легендарниот Пол Сколс кој закачи две големи имиња.

-Од што беше изненаден Рашфорд? (за замената)Не сфаќам. За што мисли дека сè уште треба да биде на теренот? Тој му нанесуваше на тимот повеќе штета отколку добро. Маркус минатата година беше брилијантен и има способност, нема сомнеж за тоа. Неговото излегување и однесување потоа, мислам дека тоа не е добро за тимот. Сега е еден од најискусните играчи. Тој е играч на кој играчите гледаат пример. Мејно гледа кон него. Гарначо гледа кон него, -рече Сколс кој потоа говореше и за Бруно Фернандеш.

-Бруно е уште еден. Видете, тој има фантастични способности, може да постигне и намести гол, но јас би сакал да бидам во соблекувалната пред натпревар и да видам што бара менаџерот од него. На која позиција бара да игра? Каде треба да бидете на фудбалскиот терен? Го гледам како број 10, тоа е неговата најдобра позиција бидејќи може да намести и може да постигне гол.

-Каде беше вечерва? Тој никогаш не бил на таа позиција. Го гледам лево, десно, понекогаш е најдлабокиот играч на Манчестер Јунајтед. Мислам дека тоа не е здраво за тимот. Ја вознемирува формацијата и го нарушува начинот на игра. Не знаеме можеби менаџерот му кажува тоа да го прави, но изгледа дека тој излегува и прави што сака на теренот, -истакна славниот ас.

Следната средба за Јунајтед е против Челси на „Олд Трафорд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг