[ФОТО] Ја запознал на 12 години, ја запросил со симболика: Лука Дончиќ и неговата прекрасна вереница 9 месеци ги криеле најпрекрасните вести

Точка

03/12/2023

13:17

6.933

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ и Анамарија Голтес девет месеци ја криеле најубавата вест, а сега станаа родители.

На социјалната мрежа „Х“ (поранешна Твитер) новинарот Марк Стајн напишал дека „поради лични причини“ кошаркарот Лука Дончиќ нема да присуствува на натпреварот против Мемфис Гризлис. Славниот спортист подоцна на Инстаграм ја открил причината – станал татко.

Таквата вест ја изненадила јавноста затоа што тој и неговата вереница Анамарија Голтес ја криеле нејзината бременост цели девет месеци.

Кошаркарот објавил фотографија од девојчето која ја нарекле Габриела, а на фотографијата е претставено бебенцето и рацете на „новопечените“ родители.

Инаку, парот се вери на 7 јули на Блед. Обожавателите на Дончиќ веднаш ја забележале симболиката – за денот на веридбата го избрал датумот 7.7. а тоа е бројот којшто тој го носи на својот кошаркарски дрес во НБА лигата.

Лука ја прашал својата избраничка да се омажи за него во прекрасен амбиент, додека клечел пред неа држејќи го прстенот на раката.

Да ве потсетиме, парот се запознал кога Лука имал 12, а Анамарија 13 години на одмор на Крк, а заедно се од 2016 година.


„Ме освои со младешката и разиграна енергија. За мене во тоа време тоа беше нешто ново, свежо... Кога се запознавме имав 12 или 13 години, беше помал од мене, па можам да кажам дека висината и мускулестото тело не ми се толку важни. Лука едноставно е интересна личност и секогаш го има сето тоа што ме привлече кај него“, изјавила Анамарија во една прилика.