Правилата за среќа од Тибет го кријат клучот на среќата и покажуваат колку малку ни е потребно за да живееме полесно.
Тибетските мудрости во себе го кријат клучот за среќен и успешен живот. Нѐ учат на животот да гледаме со други очи, како и дека среќата треба да ја бараме во себе и да ја делиме со другите затоа што таа така само ќе се удвои.
- Зборувај полека, размислувај брзо.
- Не суди му на човек по неговото семејство и потекло.
- Кога ќе кажеш „те сакам“, изговарај ги зборовите од срце, никогаш од навика.
- Кога ќе кажеш „жал ми е“, погледни ја другата личност во очи. Извинувањето мора да биде искрено.
- Никогаш не исмевај се на туѓите соништа и не спречувај другите да ги следат.
- Дајте им на луѓето повеќе од што очекуваат од вас и ќе ги направите среќни.
- Не верувајте во сѐ што ќе слушнете, не расипувајте сѐ што имате, спијте како утре да не постои.
- Најголемата љубов и најголемото достигнување вклучуваат голем ризик.
- Кога ќе изгубите нешто, пробајте да ја научите лекцијата.
- Почитувајте се себеси, почитувајте ги другите и научете да ја преземате одговорноста за своите постапки.