Во време кога мобилниот телефон со камера е небаре како продолжеток на раката и фотографираме сè: оброци, модни комбинации, секој момент од животот, не е изненадувачки што сакаме да овековечиме и поинтимен момент, зар не?
„Зошто се снимаше во текот на сексот?“, Кортни ја запрашала својата сестра Ким Кардашијан во првата епизода од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“.
Ова прашање им било поставувано на бројни познати личности кои се нашле во слични скандали, а одговорот на Ким бил прилично едноставен:
„Затоа што бев „напалена“ и тоа го сакав.
Како што Каролин Маркантoнио, социјална работничка и сексуална терапевтка од Бруклин, своевремено објаснила за „Nylon“, луѓето прават секс видеа од различни приказна.
„Некои снимки се приватни и ги гледа само парот, додека други сакаат да ги споделуваат своите видеозаписи. Зависи од тоа со што се занимаваат луѓето кои се снимаат“, зборувала таа.

По зборовите на Анабел Најт, експерт за односи и секс во онлајн продавницата за играчки за возрасни „Lovehoney“, многу е едноставно да се објасни зошто луѓето се опседнати со снимањето себеси.
„Сè повеќе луѓе се снимаат за време на сексот со своите партнери бидејќи тоа е забавно“, смета таа. „Да се разбереме, целиот наш живот е евидентиран со нашите паметни телефони, па зошто не би и сексот? Многу парови се „активираат“ со гледање на видеата, а потоа повторни имаат односи“.
Порталот „Illicit Encounters“, кој се занимава со спојување на прељубниците, во една прилика направил истражување во кое биле откриено дека третина од паровите се снимале во текот на сексуалните активности.
Три четвртини од учесниците во истражувањето признаваат дека го користеле телефонот како би го подобриле својот сексуален живот, дали со фотографирање или гледање еротски филмови, било свои или професионални.

Сакате да ги снимате своите интимни односи? Предупредување кое мора да го сфатите сериозно
Сепак, Анабел Најт советува за време на снимањето не треба да се консумира алкохол и да не се впуштаат во тоа со некој во некој во кој немаат доверба.
Не е добра идеја да го земете фотоапаратот или камерата со новиот партнер или со некој на кому не верувате во потполност“, истакнала таа.
„Кој знае каде тоа видео може да заврши … Едноставно не знаете со кого би можеле тоа да го споделат.“
Иако секојдневно сме изложени на сексуалност, голотија и алузии на интимните односи, стигмата и чувството на срам кои се пропратни со сексот и понатаму постојат, па снимањето понекогаш се смета за изопачено, па дури и девијантно.

Меѓутоа, луѓето кои практикуваат да вака го овековечат интимниот чин зборуваат дека единствениот срам што го чувствуваат по гасењето на камерата е тоа што не изгледаат толку добро како што би сакале.
„Живееме во сексуално негативна култура“, зборувала Маркантонио“. „Тоа е култура која осудува и срами одредени сексуални чинови и искуства, како што е мастурбацијата.“








