Џенифер Лопез со ова храбро модно издание привлекла внимание кај фановите и ја оправдала титулата една од најатрактивните пејачки на светот.
Имено, за американското издание на магазинот „Elle“ таа позирала носејќи експлицитен фустан од брендот „Valentino“ со кој ги нагласила облините. Таа изгледала целосно неверојатно, а шминката и фризурата исто така ѝ биле нагласени.
Оваа креација е дел од „Valentino L’Ecole“ колекцијата за пролет/лето 2024 година. Ја дизајнирал Пиерпаоло Пиколи. Фустанот бил претставен минатиот месец на ревијата во Париз, а на истата присуствувале голем број познати личности.
„Целта на оваа колекција е да се истакне телото и да се прослави женственоста. Има феминистичка цел – независност на телото од машките погледи и социјалните очекувања“, наведено е.
Џенифер неодамна на социјалните мрежи открила дека во февруари наредната година, по 10 години пауза ќе го објави албумот со наслов „This Is Me… Now“.
Нејзиниот брак со Бен Афлек и натаму е тема на бројни фанови затоа што тие сметаат дека разводот е на повидок. Тие двајца сѐ уште не се огласиле по повод тие гласини.