Меколи Калкин доби ѕвезда на Патеката на славните, го поддржа и неговата „телевизиска мајка“ од божиќниот класик „Home Alone“

Точка

02/12/2023

13:05

3.228

Големина на фонт

а а а

Меколи Калкин вчера попладне доби ѕвезда на холивудската Патека на славните, а покрај семејството, поддршка доби и од актерката Кетрин О'Хара, која ја играше мајката на Кевин, Кејт Мекалистер во божиќниот класик „Home Alone“.

Домаќин на церемонијата беше претседателот и извршен директор на Холивудската стопанска комора, Стив Нисен, а говори одржаа актерките Наташа Лион и Кетрин О'Хара.

„‘Home Alone’ беше и секогаш ќе биде омилена глобална сензација. Семејствата ширум светот не можат да си дозволат да помине една година без да го гледаат филмот заедно поради Меколи Калкин. Знам дека работеше навистина напорно, но поради тебе глумата изгледаше како најприродната работа на светот“, рече О'Хара.


„Телевизиската мајка“ на Калкин: Горда сум на тебе

Пред „Home Alone“, Меколи Калкин се појави во филмовите „See You in the Morning“ и „Uncle Buck“, но божиќниот филм од 1990 година му донесе светска слава. Тој исто така глумеше во продолжението две години подоцна.


"Меколи, честитки. Ја заслужуваш својата ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд. И ти благодарам што ме вклучи мене, твојата лажна мајка која те остави сам дома, не еднаш, туку двапати, за да учествувам во оваа среќна прилика. Горда сум на тебе“, заклучила О'Хара.

На церемонијата присуствувала и свршеницата на Калкин, Бренда Сонг (34) и нивните два сина: Дакота (2) и машкото бебе родено претходно оваа година. За време на неговиот говор, Калкин им оддаде почит на својата свршеница и децата.


„Би сакал да ѝ се заблагодарам на Бренда. Ти си апсолутно сè. Ти си најдобрата личност што сум ја запознал. По раѓањето на нашите две момчиња, ти стана една од моите три омилени личности“, изјави актерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг