Изабел Берталоми од САД се преселила во Франција, а една од работите што пријатно ја изненадиле е менито во градинката во која одат нејзините деца. Зошто? По квалитет е конкурентна на ресторан.
„Толку сум среќна што живеам во земја која толку многу ја цени здравата храна“, вели оваа мајка, која исто така е диететичар.
Таа објаснила дека на нејзините деца секој ден им се сервира предјадење, главно јадење, сирење и десерт, а им се даваат и чинии и прибор за јадење.
„Тоа е како мал париски ресторан за деца. Освен тоа, 80 отсто од храната е органска“, додава таа.
Изабел потоа минува низ менито за цела недела, а опциите ќе ги импресионираат дури и најстрогите критичари.
„Во понеделник имаат салата од домати, крутони и винегрет. Потоа јадат риба со компири, органски камемберт и шербет од лимон за десерт“, откри таа.
Децата во вторник уживаат во сардини на тост, а потоа јадат омлет со печурки, тиквички и компири. За десерт имаат органски јогурт и овошје.
Во среда имаат салата од наут со домати, кромид и говедско месо, потоа тарт од сирење и пире од морков, а за десерт јогурт со намаз од костен и овошје.
Четврток е вегетаријански ден. Децата јадат салата од авокадо, пченка и домати, ориз со зеленчук, чоколаден пудинг од соја и овошје.
„Денес, петок, тие јадат путер и сирење на тост, школки или јајца (по нивен избор) со помфрит, а за десерт пециво од малини“, заклучила Изабел.