Според описот на производот, тие се користат како одличен стартер за пожар, обезбедувајќи брзо и долготрајно палење и се препорачуваат за скара, печење, па дури и како замена за запалка за камин.
На социјалните мрежи се споделува видео кое предизвикало неверување кај многумина. На видеото се гледаат суви кори од пченка кои во Германија се продаваат за дури 9.99 евра, односно за 7,99 евра кога се во продажба. Во пакувањето има околу 15 парчиња.
„Во Германија се продаваат остатоците од пченката. Комиљка, кочанка или чутка како што се нарекуваат во различни краеви на Србија. 15 парчиња за 8 €“, стои во описот на видеото.
Станува збор за дрвенестата средина на пченката кој останува по отстранувањето на зрната од кочанот, кој кај нас најчесто се фрла или се користи за палење оган.
U Nemačkoj se prodaju ostaci klipa kukuruza.
— A.N. ꒌ (@biznislab) April 24, 2023
Komiljka ili kočanjka ili čutka kako se već u kom kraju Srbije zove
15ak kom za 8,-€
😂😂🤦🏻♂️🤦🏻♂️🤦🏻♂️ pic.twitter.com/ookO9ZWiON
Во Германија тој исчистен клип може да се најде во продавниците, а според амбалажата се продава за палење оган и кај нив тоа е вообичаена практика.
Според описот на производот, тие се користат како одличен стартер за пожар, обезбедувајќи брзо и долготрајно палење и се препорачуваат за скара, печење, па дури и како замена за запалка за камин.
Видеото предизвикало лавина од коментари. „Ја видоа заработувачката, затоа и е полно со Балканци таму“, „Во село имам цел шлепер од ова, не сум ни знаел дека сум милионер“, биле само дел од коментарите на изненадените корисници на социјалните мрежи.