Најопасните раси на кучиња на светот: Величествени чувари кои не дозволуваат да му наштетите на семејството кое ги чува

Точка

01/12/2023

13:43

9.668

Големина на фонт

а а а

Кучето е најдобриот пријател на човекот, меѓутоа некои кучиња знаат да станат агресивни кон странци, па дури и да ги нападнат доколку почувствуваат дека нивниот сопственик е загрозен.

Расите кои ќе ги наброиме имаат тенденција и атрибути на агресивни животни, но со добар тренинг и правилно социјализирање овие кучиња можат да бидат многу добри.

1. Кане Корсо


Добар дел од оние кои ја сретнале оваа раса на кучиња ќе кажат дека тие заслужуваат да ја понесат титулата најдобар куче чувар. Делумно ќе се согласиме со тоа затоа што донекаде го делиме тоа мислење, но сепак ќе кажеме дека мислењата се различни кај сите луѓе и треба да ги почитуваме. Кане Корсо е исклучително верен чувар и многу заштитнички настроен. Може релативно лесно да се дресира и многу е послушно.

2. Доберман


Љубителите на доберман сигурно оваа раса ќе ја стават на прво место кога станува збор за најдобар куче чувар затоа што донекаде имаат право. Доберманот може да се истренира многу добро и навистина може да биде прекрасен чувар, особено на дворот.

3. Ротвајлер


Овие кучиња се исклучително добри чувари. Кога еднаш ќе станат дел од вашето семејство, знајте дека ги имате за цел живот. Многу се послушни и можат добро да бидат искористени.

4. Германски овчар


На нашите простори, раса која најчесто се користи за чувар. Идеален избор е доколку ви треба заштита во дворот. Многу се сигурни во себе, имаат висока самодоверба и лесно можат да се тренираат за истражување. Во секој момент подготвени се да ги заштитат малите деца кон кои имаат посебна почит и се заштитнички настроени.