[ФОТО] 40 години подоцна – нема поубав и посексапилен фустан од оној којшто го носела Мишел Фајфер

Точка

01/12/2023

13:02

4.571

Големина на фонт

а а а

Свилен, сензуален и заводлив, фустанот којшто го носела Мишел Фајфер и денес важи за еден од најубавите.

Доколку се сетите на филмот „Scarface“ со популарниот Ал Пачино во улогата на Тони Монтана, сигурно внимание ви привлекла и прекрасната Мишел Фајфер во улогата на Елвира Хенкок.

Таа привлекла внимание кај филмските гангстери, а особено кај Тони Монтана којшто не останал имун на нејзината убавина и шарм.

Кога ја одглумила улогата на Елвира, Мишел имала само 25 години, а и 40 години подоцна се памети нејзиниот легендарен филмски фустан за заводничка.


Синиот, свилен фустан којшто го маѓепсал и Монтана за сите гледачи на овој филм станал култен.

Женствената и гламурозна креација со длабоко деколте украсена со лажни дијаманти, ефектно отворен грб и прорез до колковите никого не оставилa рамнодушен.


Фустанот бил инспириран од холивудскиот гламур на 30-тите години, односно стилот на Џин Харлоу, а минимализмот на фустанот всушност придонел за зголемување на сексапилот затоа што секој детаљ бил внимателно биран. 

Се сеќавате ли на овој фустан и колку ви се допаѓа?



Спонзорирани линкови

Маркетинг