По Вања сè уште се трага, не е вистина дека била најдена во соседна држава: Скопје преплавено со нејзини фотографии, исчезна во најфреквентниот дел

Макфакс

29/11/2023

16:39

3.880

Големина на фонт

а а а

Во Македонија продолжува потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна во Скопје на пат кон училиштето. Оттогаш таа е изгубена, а полицијата неуморно трага по девојчето. Градот е преплавен со нејзини фотографии, а за исчезнатата Вања јавија и балканските медиуми.

Според описот на полицијата, Вања е висока 175 сантиметри и тешка 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи фиксни протези и има бенка на десната страна од лицето.

Во моментот на исчезнувањето носела сина блуза, црна јакна, црни фармерки со странични џебови и бели патики со кафеави линии.

Девојчето излегло од дома со ранец, а со себе имала „ајфон“.

За многу кратко време телефонот ѝ бил исклучен. Одделението веднаш ја известило мајката дека девојчето не е на час по што таа веднаш го пријавила исчезнувањето во полиција.


Мобилниот телефон на Вања последен пат бил лоциран на „Партизанска“ кај кафе-барот „Броз“. Сепак, вработените во кафулето велат дека не виделе ништо, полицијата им ја зела снимката од камерите.

Од МВР преку допис до медиумите велат дека станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи воопшто не била направена задолжителната проверка на наводите, и покрај бројните апели и од страна на полицијата, и од страна на родителите на малолетничката да не се пласираат дезинформации со кои само може да се наштети на истрагата.

„Како што МВР редовно информираше деновиве, за решавање на случајот и пронаоѓање на лицето е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол“, велат од МВР..

„Се проверуваат информации, видеоматеријали и се преземаат мерки за расветлување на случајот“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски.

Во потрагата по Вања се вклучија и граѓани, дури и членови на Ловачкото друштво.