Учителка ја загрижил цртеж на нејзин ученик: Веднаш ги повикала родителите, а нивното објаснување е урнебесно

Точка

29/11/2023

18:32

6.649

Големина на фонт

а а а

Учениците од едно странско училиште добиле задача да се нацртаат себеси со семејството, а кога учителката го видела цртежот на едно шестгодишно дете, итно ги повикала неговите родители на состанок.

Малото момче на прилично необичен начин го нацртало своето семејство, а на цртежот се чини како сите да висат на јаже. Тоа ја загрижило учителката која веднаш ги повикала родителите на детето во училиштето.

„Нашето шестгодишно дете нѝ предаде порака од учителката. Таа нè повика мене и мојата сопруга на итен состанок. Го прашавме нашиот син дали има поим за што се работи, а тој одговори дека не ѝ се допаднал неговиот цртеж“, напишал таткото на детето со објавениот цртеж од неговиот син и додал:

„Следниот ден отидовме на состанок. Учителката го извади семејниот цртеж нацртан од нашиот син и побара објаснување од нас.


„Нема проблем“, рече мојата сопруга. „Станува збор за семеен одмор. Нуркање на Бахамите“, напишал таткото на ученикот покрај цртежот што го објавил на социјалните мрежи.

Оваа урнебесна случка се случила пред неколку месеци, но сè уште е вирална на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг