Поминаа повеќе од 48 часа, Вања ја нема: МВР апелира да не се шират лаги дека сама се качила во бел автомобил

Точка

29/11/2023

13:50

7.043

Големина на фонт

а а а

Поминаа повеќе од 48 часа, а 14-годишната Вања Ѓорчевска сè уште ја нема. Потрагата по ученичката Вања која исчезна во понеделникот одејќи на училиште во центарот на Скопје, се уште трае и мобилизирани се сите ресурси.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека потрагата деноноќно трае и дека се истражуваат сите можни мотиви и причини.

Полицијата објави нејзина фотографија и опис, ги истражуваат сите можни мотиви и причини за нејзиното исчезнување.

Дел од медиумите објавија дека на една од безбедносните камери се гледало како девојчето се качува во бел автомобил. Од Министерството за внатрешни работи велат дека овие информации не се точни, ги демантираат и апелираат да не се шират дезинформации за исчезнувањето на девојчето. Потрагата по Вања трае, а од МВР велат дека кога ќе има нешто ново, јавноста ќе биде известена.


Неточна е информацијата која беше објавена во јавноста дека исчезнатата Вања Ѓорчевска се качила во автомобил близу „Броз кафе“. Ова за „Скопје1“ го посочува нејзината мајка, Зорица Ѓорчевска. Според неа, коментарот дека Вања влегла во бел автомобил, паркиран пред кафуле во Дебар маало – не е вистина. 

Другарчињата на Вања низ Скопје лепеа плакати со нејзината фотографија на која стои опис и телефонски број за да се пријави ако некој ја види. За сега потрагата трае.