[ВИДЕО] Вучиќ во поход да ја „освои“ генерацијата Z: Претседателот се проба и како тиктокер, пече палачинки и игра фудбал - неговите видеа ќе ве насмеат до солзи

Точка

29/11/2023

13:00

3.544

Големина на фонт

а а а

Александар Вучиќ направил необичен потег – пред изборите во Србија одлучил да ја освои генерацијата Z и да дојде на „ТикТок“.

Српскиот претседател се појавил на споменатата мрежа под името Ja sam Aleksandar и сосема е јасно дека неговиот тим сфатил како тоа ќе биде најлесниот начин да се приближи на младите луѓе.

Вучиќ на „ТикТок“ се активирал пред неколку дена и веќе собрал 40.000 следбеници и повеќе од 340.000 лајкови на своите видеа.


Се обидува да го забавува Интернетот

На почетокот на својата „ТикТок“ кариера, Вучиќ објавувал политички говори, но потоа сфатил дека мора да биде позабавен.

Вучиќ последниве неколку дена на „ТикТок“ пече палачинки, објавува видеа од детството, видеа на кои изведува техники со фудбалска топка …


Секако, кога е Вучиќ во прашање не може да помине без патетика, па тука има и видеа на кои Вучиќ ги бакнува децата, се ракува со гласачите, зборува за православната црква и вредностите кои наводно ги застапува.


„Претседателе, може ли поздрав“, неретко се среќава во коментарите под видеото.

Александар Вучиќ, односно екипата која стои зад „ТикТок“ профилот на српскиот претседател, веднаш пишува: „Поздрав!“

Ангажирал тип кој го исмејувал и имитирал

Вучиќ направил прилично неочекуван потег во својата предизборна кампања – одлучил да го ангажира Далибор Голубовиќ, кој својата „ТикТок“ слава ја стекнал токму со имитирање на претседателот. Вучиќ пред неколку дена навестил дека Голубовиќ ќе се приклучи на кампањата, а вчера објавиле и заедничко видео на платформата.


Во видеото како претседател на Србија се појавува двојникот на Вучиќ, а на многумина не им е јасно кој всушност е Вучиќ.

„ТикТок“ ги воодушевил и фановите на Вучиќ, но и екипата на „Х“. Многумина замеруваат на опозицијата што прва не се досетила да го вработи ликот од „ТикТок“, кој досега го имитирал и се потсмевал со Вучиќ.


Видеото на Вучиќ и Голубовиќ на „ТикТок“ веќе е прегледано повеќе од 700.000 пати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг