Нереален податок – холандскиот фудбалски великан повеќе заработува од продажба на пива отколку на играчи

Точка

28/11/2023

23:01

2.212

Големина на фонт

а а а

Твенте заработил околу 6.000.000 милиони евра од продажба на пива на стадионот.

Со години важи правилото дека западните спортски клубови се синоним за добро работење и финансиска стабилност. Дали е така … Тешко е да се каже, но во прилог на тоа тврдење оди веста која ни доаѓа од Холандија, а која се однесува на фудбалскиот клуб Твенте.

Станува збор за клуб надвор од големата тројка (Ајакс, Феенорд и ПСВ), кој во 2010-та година беше шампион на Ередивизија, а само седум сезони подоцна испадна од лигата. Веднаш одговорните за тоа биле избркани од клубот и една година подоцна Твенте повторно бил член на елитата.

Минатата сезона ја завршија како петти, оваа година итаат кон четвртото место и можно е во иднина да ги загрозат и најмоќните клубови на холандскиот фудбал. Посебно доколку продолжат со добрата финансиска политика.

Имено, холандските медиуми објавија дека Твенте успеал да закрепне финансиски и наместо долги години да седи втората лига, веднаш излегол на меѓународна сцена. Една причина за тоа е – пивото. Да, добро прочитавте.


Твенте објави дека во текот на минатата сезона од продажба на храна и пијалаци заработил 10.500.000 евра. Кога од тоа ќе ги одземеме трошоците и данокот, чистиот профит изнесува околу 6.000.000 евра. Пивото е најчесто продаван артикл и околу 80 проценти од заработката доаѓа од таму.

Интересно, во истиот период Твенте од продажба на играчи заработил само 6.500.000 евра, а кога од тоа ќе се одземе данокот – чистиот профит е 3.700.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг