„Google Bard“ сега може да гледа видеа на „YouTube“ наместо вас

Точка

28/11/2023

20:04

5.618

Големина на фонт

а а а

Корисниците на „Google Bard“ сега можат да добијат детали за видеата што ги гледаат на "YouTube", благодарение на „AI“ четботот.

Новата експанзија што ја доби „Bard“ му овозможува да разбере каква е содржината на видеото и да одговори на прашањата од корисниците врз основа на тоа.

„Ги преземаме првите чекори за да го подобриме разбирањето на видеата на „YouTube“ од страна на „Bard“ … слушнавме дека сакате да навлезете подлабоко во видеата на „YouTube“. Затоа, ја прошируваме екстензијата на „YouTube“ за да можете да разговарате со „Bard“ за тоа“, велат од „Google“.


Благодарение на ова, кога ќе побарате од "Bard" да ви најде одредено видео, сега можете да му поставите дополнителни прашања за содржината на истото, вклучувајќи резиме или нешто што се однесува на конкретни детали.

Потсетуваме, во септември „Google“ објави голем број нови опции кои доаѓаат со вештачката интелигенција на услуги како „Flights“, „Maps“, „Docs“, „Dive“, „Gmail“ и многу други.




Спонзорирани линкови

Маркетинг