[ВИДЕО] Индиските работници извлечени од урнатиот тунел по повеќе од 17 дена

Точка

28/11/2023

21:01

1.966

Големина на фонт

а а а

Индиските спасувачки служби ги извлекле сите градежни работници, 41 од нив, заробени во срушениот тунел во Хималаите подолго од 17 дена, неколку часа откако го пробиле преминот преку карпи, бетон и земја.

Евакуацијата на слабо платените работници од најсиромашните индиски сојузни држави почнала повеќе од шест часа откако спасувачите пробиле преку урнатините на тунелот во државата Утаракханд, срушен на 12-ти ноември.

Извлечени низ 90 центиметри широка челична цевка

Извлечени се на носилки со тркала преку 90 центиметри широка челична цевка во акцијата која траела околу еден час. Итните служби порано пристигнале на излезот на тунелот за веднаш да ги однесат работниците во болницата оддалечена на околу 30 километри.

Насобраните жители со пиротехника и делење на колачи го прославиле спасувањето на работниците. Спасувачките служби вчера ангажирале таканаречени „стаорци рудари“ за да се пробијат до нив преку тесната цевка.

„Стаорското рударење“ е примитивна, опасна и контроверзна метода која се користи во Индија. Таа првенствено се користи за вадење на јаглен низ тесни премини.




Спонзорирани линкови

Маркетинг