Оваа тајна се крие зад познатата пунџа на Јованка Броз: Koга сакале да ѝ ја променат фризурата, таа ги замолкнала со само една моќна реченица

Точка

28/11/2023

23:45

12.944

Големина на фонт

а а а

Јованка Броз, сопругата на доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, остана препознатлива по стилот на облекување, но најмногу по познатата пунџа што ја носела од првото појавување во јавноста па до крајот на својот живот - 20 октомври 2013 година.

Иако за нејзиното облекување се грижеле бројни домашни и меѓународни креатори, Јованка единствено одбивала да ја промени фризурата. Причината за ваквиот ригорозен однос во една прилика ја открила нејзината лична шивачка Жужи Јелинек.


„Имав еден шнајдер, Драган. Тој се заљуби во неа. Беше толку убава од половината нагоре, имаше убави гради, заби. Таа беше радост за гледање. Мојата единствена замерка беше што секогаш ја имаше истата фризура. Во една прилика ѝ реков: „Другарке Јованка, ве молам променете ја фризурата, ние жените мора постојано да се менуваме, бидејќи мажите сакаат секој пат да бидеме различни“. А тогаш таа викна силно: „Не! Ја имам мојата фризура на која сум навикната и дозволувам мажите да се навикнат на мене“. На Тито навистина му беше важно таа да биде убава и секогаш ми велеше да ѝ шијам најдобро што можам - изјавила своевремено Жужи.


Првата дама на Југославија, Јованка, никогаш не била во сенка на својот авторативен сопруг Јосип Броз Тито. Со него, рака под рака ги обиколувала општествено-политичките настани и дипломатски средби, гордо давајќи им до знаење на сите дека како сиромашна девојка од село успеала да стане своевидна југословенска верзија на Џеки Кенеди.


Јованка Броз била една од жените кои го одбележале минатиот век на српската висока мода и елеганција. Таа строго се грижела да биде соодветно и примерно облечена во секоја ситуација.