Хуан Роман Рикелме е едно големо име на аргентинскиот фудбал, ас и идол на доста луѓе, генерации, но тој дефинитивно не може да се спореди со двајца асови од неговата земја Лионел Меси и славниот Диего Армандо Марадона.
Меси и Марадона беа лидери во две различни ери, постигнаа големи успеси, донесоа светски титули за „гаучосите“, но она што е интересно е дека Рикелме успеа да ги фати двајцата, поточно имаше можност да соработува на зелениот терен како со Лео така и со Диего.
Кога се во прашање овие двајца има вечна дебата, прашање кој е подобар, па Рикелме како човек кој ги знае има специјален одговор.
- Марадона? Тој беше најголемиот што го видов на фудбалски терен кога бев дете. Сега кога пораснав, најголем е Меси. Имав среќа да играм со двајцата, за мене тоа беше многу голем сон, - порача Рикелме за „ЕСПН“.