[ВИДЕО] Живот како од филм: Тој не се осврнува на негативните критики – Арапскиот шеик кој чува тигри, лавови и мечки како домашни миленици

Точка

28/11/2023

12:01

3.797

Големина на фонт

а а а

Шеикот Хумајд Абдлула Албукаиш од Дубаи стекнал огромна популарност на социјалните мрежи благодарение на своите необични миленици.

Имено, Хумајд чува тигри, лавови, гепарди, змии, волци, па дури и мечок како домашни миленици.


Речиси секојдневно на својот „Инстаграм“ профил, каде што го следат повеќе од четири милиони луѓе, Хумајд објавува фотографии и видеа од своите егзотични миленици. Овој милионер без никаков страв ги става рацете во устата на своите миленици, си игра со нив, се „бори“, ги вози во скапоцени автомобили и јахти.


Многумина во коментари го критикуваат поради необичното хоби и му пишуваат дека неговите животни заслужуваат живот во дивината, но Хумајд не се осврнувал на негативните коментари.


Со оглед на тоа дека во Обединетите Арапски Емирати е нелегално да се чуваат големи мачки како домашни миленици, не е познато како Хумајд без никакви проблеми има толку многу диви животни кои јавно ги објавува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг