Енрике бара поголема поддршка од навивачите на ПСЖ: Овој меч е како финале за нас

Дерби

28/11/2023

11:29

633

Големина на фонт

а а а

Пари Сен Жермен се соочува со Њукасл во вечерашниот меч во Лигата на шампионите, средба која е од исклучителна важност за „светците“ кои ако не победат можат да се најдат во многу тешка ситуација кога е во прашање пласманот во нокаут фазата.

Францускиот првак има учинок од две победи и два порази во елитното натпреварување, поточно кога игра на „Паркот на принцовите“ успева да слави, а надвор од него загуби од Милан и од Њукасл.

Тренерот Луис Енрике знае што го очекува и побара од навивачите колку што е можно подобра атмосфера.

- „Паркот на принцовите“ ќе не носи, очекувам одлична атмосфера. Навистина ни требаат навивачите, потребен ни е потопол и постраствен стадион од нормалното. Ќе го играме овој натпревар како финале. На ова ниво, домашните натпревари се клучни натпревари. Јавноста е посебен адут за нас, очекуваме неверојатна поддршка, - рече Лучо кој говореша и за противникот.

- Тие се многу силни физички, тие се способни да притискаат силно и многу високо, има многу интензитет. Ако го видовте нивниот последен натпревар против Челси, физичката состојва е сè уште на тоа ниво. Знаеме дека тоа ќе биде така и сега, ќе мора да бидеме подготвени, - заклучи Шпанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг