Потрагата по Вања Ѓорчевска продолжува и во текот на ноќта, извести МВР

Макфакс

27/11/2023

22:32

3.703

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатешни работи извести дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишната Вања Ѓорчевска откако денеска во 08.35 часот Зорица Ѓорчевска од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка е исчезната.

– За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта, велат од МВР.

Од таму апелираат да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг