Гвардиола: За Ливерпул трениравме само 25 минути…

Дерби

27/11/2023

12:44

1.642

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити не дојде до посакуваната победа во дерби пресметката со Ливерпул, поточно беше забележано уште едно реми или поточно второ во низа по она со Челси на „Стемфорд Бриџ“.

Меѓутоа ситуација е таква каква што е, екипата веќе има нов предизвик во Лигата на шампионите против РБ Лајпциг, а пред истот Пеп Гвардиола откри дека тимот едноставно не може да тренира со распоредот, поточно посочи дека за претходниот дуел со „црвените“ се подготвувале само 25 минути.

-За седум години не тренирам. Најмногу 35 минути. Ние не тренираме. Ја започнаа претсезонаат 15 дена порано… знаеш ли што е 15 дена? Игравме финалето на ФА Купот и финале на Лигата на шампионите. Тие имаа уште 15 дена со новите играчи. Не направивме ниту еден ден тактичка работа. Еден ден претходно тренираме… исто е и за Јирген, прилично сум сигурен. Имавме 10-15 минути со топка и 10 минути во одбрана.

-Пред вторник ќе бидат 10 минути на теренот, движејќи се на тој начин. Не можеме да тренираме. Ако тренираме, немаме играчи за следниот натпревар. ги немаме. Затоа треба да учиме од минатото: само разберете што треба да направите. Медиумите кои скокаат. Ова е она на што апсолутно се потпираме, -рече Гвардиола кој говореше и за Џон Стоунс.

-Тој се чувствува добро, но сакаме да му дадеме една или две недели за да има соодветни тренинзи. Џон е многу важен за нас, ми се допаѓа да игра кога е целосно подготвен. Тој ќе тренира, делумно или комплетно со нас. Посебно неговите нозе, да биде сигурен дека кога ќе се врати е посилен. И ние тогаш ќе го користиме, тој ни е потребен, -порача Шпанецот.