[ФОТО] Иванка Трамп позирала во костим за капење: Ќерката на Трамп ја покажа витката линија на тело, фановите воодушевени

Точка

27/11/2023

23:38

9.625

Големина на фонт

а а а

Иванка Трамп се повлекла од политиката, па се свртeла кон семејниот живот и целосно го сменила начинот на облекување.

Во последно време сме ја гледале во низа предизвикувачки модни изданија какви не можела да носи претходно, имајќи ја предвид функцијата во татковата администрација во текот на неговиот претседателски мандат.

Ќерката на Доналд Трамп како да станала друга жена откако се дистанцирала од јавната кариера. Сите овие години исклучително ретко се појавувала во костим за капење, а таа сега на социјалната мрежа Инстаграм објавила токму такви фотографии.

Познатата наследничка, Иванка Трамп, позирала во костим за капење, многу модерен модел со изрези, во виолетова боја.

Иако никогаш не се срамела од вишокот килограми, сега Иванка никогаш не била послаба. Костимот за капење ја прикажал нејзината витка линија, а видеото ја доловило нејзината умешност во сурфање.

„Прекрасна“,„Преубава“, „Имаш одлична рамнотежа“, коментирале нејзините фанови под објавата која со сопругот Џаред Кушнер и нивните три деца го прославила Денот на благодарноста.

Ова е едно од нејзините последни модни изданија со кои најавила моден пресврт. Ви се допаѓа ли новиот стил на Иванка Трамп?




Спонзорирани линкови

Маркетинг