Мене ми е тоа глупава „фора“: Бајага рече што мисли за вовчето на свадбите во неговата песна

Точка

27/11/2023

09:15

2.266

Големина на фонт

а а а

Мојата идеја не беше да бидам пејач, затоа што пеев придружни вокали кај Бора Чорба, и не бев некој феноменален придружен вокал“, изјави Момчио Бајагиќ- Бајага во емисијата „Еден на Еден“ кај Жаре.

Првиот дел од разговорот со Бајага се емитуваше сношти на Канал 5, а вториот ќе се емитува следната година. Бајага на Жаре му раскажа дека воопшто не планирал да стане пејач, откако си заминал од „Рибља Чорба“ каде што беше гитарист.

- Потоа се обидов да најдам некој пејач, но бев успешен во тоа. Во меѓувреме си мислев, ајде да снимам албум, и потоа ја снимив „Позитивна географија“. За тоа „највиновен“ беше Корнелие Ковач, кој мене буквално ме натера да го снимам тој прв албум и ми беше продуцент“, откри Бајага за времето кога почнувал соло кариера.

Српскиот рокер кажа и што мисли за феноменот- вовче на неговата песна „Моји другови“. И на концертите, и на повеќето свадби, на оваа песна луѓето формираат воз и така танцуваат.

- Тоа е некоја глупава фора, мене тоа лично ме нервира. Затоа штоаа песна е „двојка“, а има уште многу песни кои се во тој ритам“, рече Бајага.

Целата епизода на „Еден на Еден“ со Бајага можете да ја погледнете во видеото во прилог: