Новогодишните и божиќните празници се сè поблиску, а тоа е период и кога се подготвуваат разни „зимски“ колачи кои се многу вкусни, но и декоративни.
Доколку не сте многу вешти во кујната, имаме рецепт кој ќе ве воодушеви со својот вкус и изглед.
Потребни ви се само 3 состојки и околу 10 минути за да подготвите колачиња кои изгледаат како слатки шишарки.
Потребни состојки:
- чоколаден пандишпан
- Нутела
- чоколадни снегулки (заоблени)
Начин на подготовка:
Со раце издробете го пандишпанот и додадете онолку Нутела колку што е потребно за да добиете смеса која лесно се обликува.
Со помош на лажица за сладолед земајте од смесата и со раце обликувајте ја во облик на конус.
Потоа внимателно редете ги чоколадните снегулки од врвот кон дното додека не добиете облик на шишарка. По желба наросете со шеќер во прав или кокосово брашно.