Бобан Илиоски е светски првак во кик-бокс

Макфакс

24/11/2023

14:42

19.439

Големина на фонт

а а а

Бобан Илиоски е светски првак во кик-бокс. Тој го освои златниот медал на Светското првенство во Луо кик, во категоријата до 86 килограми.

Во финалето, Илиоски, со убедливи 3:0 ја доби борбата против Нурбек Уришбоев од Узбекистан

Со идентични победи Илоски го мина четвртфиналето и полуфиналето против Босанецот Алберт Угринчиќ и Азербејџанецот Елјан Алкишијев.


Светското првенство на кое учествуваа 1.429 натпреварувачи од 77 држави се одржа Албуфеира, Португалија.