Ѓоковиќ шокиран од срамните случувања во Малага: Ова ми се нема случено никогаш во кариерата, а 20 години сум во тенисот!

Дерби

24/11/2023

08:37

8.600

Големина на фонт

а а а

Србија го почна походот кон титулата на Дејвис Купот на посакуван начин и стартуваше со победа над Велика Британија, триумф со кој се пласираше во полуфиналната фаза на завршниот турнир.

Новак Ѓоковиќ го освои клучниот втор поен за Србите откако во два сета беше подобар од Камерон Нори, но и и покрај сатисфакцијата која ја имаше по крајот на мечот, Ноле се уште беше прилично бесен за тоа што му се случило пред да излезе на теренот.

Светскиот рекет број еден откри дека добил нестварно лош третман од луѓето од ВАДА, кои решиле да направат преседан и да му прават допинг тест пред мечот, со што му ја нарушиле стандардната рутина пред мечевите.

– Се уште не ја комплетирав целосната антидопинг контрола, треба да ми земат и крв. Имав кратка расправија со луѓето од антидопинг агенцијата. Не можев да верувам дека донесоа таква одлука. 20 години сум во тенисот и никогаш во мојата кариера не ми се случило ова. Никогаш не ми се случило да одам на контрола пред меч. Јас си имам своја рутина, не ми треба таква дистракција од мечот. Не ми треба вознемирување со давање крв и урина.

– Тоа беше нелогична ситуација и нелогична одлука. Поддржувам да се прават тестови, би направил сто пати, но откако ќе заврши мечот. Срамно е тоа што го направија, а уште поинтересно е тоа што и ВАДА е приватна агенција, можеби ние од тенисот треба да се погрижиме да имаме своја антидопинг агенција, а не да ни доаѓа некој од страна. Можеби ќе бидам погрешно сфатен, но ова беше невидено, треба да постојат некои граници. Се однесуваа како ништо да не разбираат, немаат поим што значи професионалниот спорт, – изјави нервозниот Ѓоковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг