Чувствувате болка? Пуштете музика, таа делува како аналгетик, порачуваат научниците

Точка

23/11/2023

16:43

4.855

Големина на фонт

а а а

Од песната „Hurt“ на Џони Кеш, преку истоимениот сингл на Кристина Агилера од 2006 година, до хитот на „REM“ – „Everybody Hurts“, болката, обично емоционалната е вечна тема во песните.

Но, музиката во истовреме може да делува терапевтски, како вистински аудитивен аналгетик, според истражувањето спроведено на Универзитетот Мекгил во Монтреал.

Заклучоците објавени во списанието „Frontiers in Pain Research“ сугерираат дека омилената музика создава емоционален одговор кој може да ја ублажи болката.

Слушањето на омилените песни „може значително да го намали интензитетот на болката и непријатноста“, додека „непознатите песни немаат таков ефект“, открива водечкиот автор на студијата, Дариус Валевисиус, кој ги тестирал ефектите на низа мелодии на 63 луѓе.


„Можеме грубо да процениме дека омилената музика ја намали болката за еден поен на скала од десет, што е барем исто толку силно како лек против болки без рецепт“, вели тој.

„Музиката може да го пренасочи когнитивниот фокус од болката“

Научниците го тестирале тоа така што на рацете на учесниците ставиле термален уред кој го загревал тој дел од телото до степен на болка. Испитаниците од првата група притоа слушале песни кои сами ги избрале, втората група слушалa песни избрани од истражувачите, а третата група не слушала никаква музика.

„Омилената музика, која учесниците во студијата сами ја избраа, имаше многу поголем ефект врз намалувањето на акутната топлотна болка отколку релаксирачката, но непозната музика“, рече Валевисиус.


И претходните истражувања покажаа дека музиката може да помогне во ублажување на физичката болка, депресијата и високиот крвен притисок. Во 2012 година, Центарот за истражување на болка на Универзитетот во Јута објави хипотеза по која „музиката може да го пренасочи когнитивниот фокус од болката“, а некои претходни истражувања покажаа дека терапијата со музика или музикотерапијата може да ја намали потребата од лекови и до 50 отсто.