Пикси ќе „лапне“ милионче за изборениот пласман на ЕУРО 2024

Макфакс

20/11/2023

21:14

1.971

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Србија се пласираше на ЕП откако во Лесковац одигра 2:2 со Бугарија. Поразот можеше да ја остави Србија без шанса за директен пласман доколку Унгарија загубеше дома од Црна Гора, но тоа не се случи.

Српските медиуми пишуваат дека Србија ќе добие 9.500.000 евра од УЕФА за пласман на турнирот, а од пласманот ќе заработи и селекторот Драган Стојковиќ Пикси (58).

Тој се договорил за премија од 12 отсто, што значи дека ќе добие 1.140.000 евра.

„ Ова е голем ден за српскиот фудбал! Оваа земја ја доби привилегијата да има свој тим на Европското првенство. Им честитам на моите играчи кои ја завршија работата денес и се бореа до самиот крај. Честитки за сите, среќни сме и задоволни“, изјави Пикси по завршувањето на натпреварот со Бугарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг