Во земјата со огромно богатство владеат поприлично чудни и бизарни правила, а во ова кратко претставување можете да научите некои од нив.
Ова се 10 занимливости поврзани со уникатниот – Сингапур!
1. Светската тоалетна организација (да, тоа постои) е основана во Сингапур. И да, со оглед на тоа што Сингапурците се многу внимателни за чистотата, ако не пуштите вода по излегувањето од тоалетот, можете да бидете казнети со 500 долари (468 евра).
2. Сингапурците можат да гласаат на британските избори. Да, земјата е членка на Комонвелтот и со самото тоа нејзините граѓани го остваруваат тоа право.
3. Државата опфаќа вкупно 63 острови, а на многу од нив не би ви препорачале пешачење бидејќи се ненаселени или служат како воени и индустриски зони.
4. Пиењето пијалаци среде небото овде е речиси возможно бидејќи на врвот на облакодерот висок 282 метри се наоѓа бар, што го прави еден од највисоките барови на врвот на зграда во светот.
5. Сингапур е само една од трите земји кои немаат главен град. Останатите две се Монако и Ватикан.
6. Постојат 4 официјални јазици во земјата: англиски, мандарински, тамилски и малајски.
7. Сингапур се преведува како „Град на лавовите“ на санскрит. Сепак, интересно е што таму воопшто нема лавови.
8. На сингапурскиот универзитет бројни студенти се израдувале кога бил поставен автомат за Кока-Кола кој бесплатно делел лименки откако ќе го прегрнете.
9. Ако може да се верува на една британска студија, овде луѓето најбрзо одат, во просек 6,15 км/ч.
10. Гумите за џвакање се забранети, но на странците им е дозволено да внесат две пакетчиња. Повеќе од тоа се смета за обид за криумчарење.