Ова е најскапото виски на светот, чини неверојатни 2,5 милиони евра

Точка

20/11/2023

09:55

4.075

Големина на фонт

а а а

Рекордот за најскапо шише виски во светот е соборен откако шише Макалан од 1926 година беше продадено за неверојатни 2,5 милиони евра на аукција на Сотби во Лондон.

„Дегустирав капка од ова виски. Богат е со вкус на сушено овошје, пиперка и има „дрвенеста“ нота, изјавил Џони Фаул од споменатата аукциска куќа.


Тој додал дека вискито 60 години се чувало во дабови буриња, од што ја добило и неговата боја. Сликата на шишето ја нацртал италијанскиот сликар Валерио Адами.

„Macallan 1926“ е вискито што секој аукционер сака да го продаде и секој колекционер сака да го поседува“, рекол Фаул.


Експертот за виски на „Macallan“, Кирстин Кембел, изјавила дека е многу посебен момент да се види отворањето на ова шише. Таа се надева дека новиот сопственик ќе ја ужива оваа привилегија.

Има вкупно 12 шишиња виски „Macallan“ од 1926 година. Едно било скршено во земјотресот во Јапонија во 2011 година, а се верува дека уште најмалку едно било отворено и скршено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг