[ВИДЕО] Комичен момент во Лас Вегас: Водителот го збуни Перез, Мексиканецот не знаеше каде да оди

Дерби

19/11/2023

12:54

24.009

Големина на фонт

а а а

Формула 1 трката во Лас Вегас донесе интересни случувања на патеката и жестока битка за подиумот, а домаќините се обидоа да организираат вистинско шоу пред и по нејзиното завршување.

Возачите во Ф1 шампионатот се навикнати на различни содржини подготвени од организаторите, но Серхио Перез не успеа да се снајде најдобро во една ситуација и ги изнасмеа фановите на социјалните мрежи.

Домаќините го ангажирале познатиот боксерски најавувач Мајкл Бафер за да ги претстави возачите како учесници во најавената парада, но Перез беше збунет од целата ситуација. Популарниот „Чеко“ веројатно мислеше дека следува интервју, па остана да стои, за неколку секунди подоцна камерите да го уловат како прашува што треба да прави.

– Каде треба да одам? – искрено праша Перез, пред да добие асистенција од официјалните лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг