Јордан вели дека ќе стори се за да го запре раселувањето на Палестинците

Макфакс

18/11/2023

14:04

1.149

Големина на фонт

а а а

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади предупреди дека арапското кралство ќе стори „се што е потребно“ за да го запре раселувањето на Палестинците поради војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

„Никогаш нема да дозволиме тоа да се случи. Покрај тоа што е воено злосторство, тоа би било и директна закана за нашата национална безбедност. Ќе сториме се што е потребно за да го спречиме“, рече Сафади на безбедносниот самит на ИИСС Манама Дијалог во Бахреин.

Војната меѓу Израел и Хамас повторно ги разбуди долгогодишните стравови во Јордан, дом на голема популација на палестински бегалци и нивните потомци.

Тие стравуваат дека Израел може масовно да ги протера Палестинците од окупираниот Западен Брег, каде нападите на израелските доселеници врз палестинските жители се зголемени по нападот на Хамас на 7 октомври.

„Оваа војна не води никаде, освен до повеќе конфликти, повеќе страдања и закана од ширење во регионални војни“, рече Сафади.