Светската програма за храна на ОН (WFP) денеска предупреди дека Појасот Газа се соочува со огромен недостиг на храна и широкораспространет глад и дека речиси целото население на палестинската енклава има очајна потреба од помош во храна.
„Резервите храна и вода во Газа практично ги нема и само мал дел од потребното пристигнува преку границата“, рече извршната директорка на WFP, Синди Мекејн, во изјавата, пренесе „Ројтерс“.
Според неа, со оглед на тоа што се наближува зимата, во преполните прифатилишта во недостиг на чиста вода луѓето се соочуваат и со глад.