Името Фридрих Вилхелм Ниче е едно од најпознатите во филозофијата, а овој германски научник се смета за еден од највлијателните мислители на 19 век.
Роден е во протестантско семејство, во тогашна Прусија. Покрај татко му и мајка му, имал и брат и сестра. Неговиот татко бил лутерански свештеник на чија смрт сведочел младиот Фридрих, а овој настан оставил големо влијание врз неговиот живот и дело.
Иако првично се запишал на студии по теологија, неговиот животен пат тргнал во друга насока и подоцна се одлучил за студии по класична филологија. Во текот на овие студии тој се сретнал со филозофијата на старите Грци, која потоа станала негов пример и идеал.
Подоцна, својата филозофска мисла ја изградил во различни правци, а во продолжение ви претставуваме 20 негови цитати од делото: „Од другата страна на доброто и злото: Предигра на филозофијата од иднината“.
1. „Спознавањето поради самите себеси“ – тоа е последната замка поставена од моралот. Така уште еднаш потполно се заплеткуваме во него.“
2. Најсурови сме кон нашиот Бог: тој не смее да греши!“
3. „Тоа јас го направив – вели сеќавањето. Тоа не можев да го сторам јас – вели мојата гордост и останува непопустлива. На крајот, сеќавањето попушта.“
4. „Возвишените луѓе не ги прави такви интензитетот на силните чувства, туку нивното траење.“
5. „Кој го достигне својот идеал, со самото тоа веќе го надминал.“
6. „Генијалниот човек е неподнослив доколку освен тоа не поседува уште две особини: благодарност и чистота.“
7. „Во мирни околности, човекот воин навалува на себеси“.
8. „Душата која е љубена, но самата не љуби, ја манифестира својата тиња – нејзиниот најдолен слој се издига.“
9. „Истите афекти во мажите и жените сепак се во различно темпо. Ова е причината зошто мажот и жената не престануваат погрешно да се разбираат.“
10. „Кој не се жртвувал барем еднаш себеси во името на добрата репутација?“
11. „Од животот треба да се разделиме онака како што Одисеј се разделил од Наусика – со повеќе благослов отколку заљубеност.
12. „Кога веќе еднаш одлуката е донесена, треба да се затвори увото – дури и за најдобрата контра-причина.
13. „Најмногу сме казнети поради своите доблести.“
14. „Посебноста на сознавањето би била мала доколку на патот до неа човекот не би морал да надмине толку многу срам.“
15. „Само од сетилата доаѓа сета доверливост, сета чиста совест, сета очигледност на вистината.“
16. „Она што некој го чувства во еден момент како зло, обично е несовремено ехо на она што некогаш се чувствувало како добро – атавизам на некој стар идеал.
17. „Она што се прави од љубов секогаш се случува на другата страна од доброто и злото.“
18. „Нашиот најсилен порив, тиранинот во нас, не подреден само на нашиот ум, туку и на нашата совест.“
19. „Лудилото во поединецот е нешто ретко, но тоа е правило во групите, партиите, народите, времињата.“
20. „Постои невиност во лагата која е знак на добра верба во една работа.“