Авиокомпаниите започнуваат да воведуваат зони без деца

Точка

07/11/2023

15:25

5.233

Големина на фонт

а а а

Во соопштението на авиокомпанијата „Корендон“ велат дека одредени делови од нивните авиони ќе бидат само за возрасни, што значи дека малите деца нема да можат да влезат во тие зони.

На летовите меѓу Амстердам и островот Курасао, од пред неколку дена, предниот дел на авионот е физички одвоен од остатокот од авионот.

„Ѕидовите и завесите создаваат заштитена средина која придонесува за мирен и релаксиран лет“, објаснуваат од компанијата, додавајќи дека има девет XL седишта со дополнителен простор за нозете и 93 стандардни седишта во зоната за возрасни.


Резервација на место во зоната за возрасни е можна само за лица над 16 години и чини 45 евра во стандардната зона и 100 евра во зоната XL.

Иако на никого не му е забавно да седи до расплакано дете со часови, некои се прашуваат дали забраната за влез во делови од авионот е прифатливо решение за децата.

„Авиокомпаниите размислуваат да воведат зони без деца во авионите, но навистина е тажно колку малку луѓето имаат толеранција за бебињата и децата. Толеранцијата е толку ниска, што се однесуваат како децата да не припаѓаат во јавноста“, се наведува во објавата каде започнала дебата.


Свое мислење дале повеќе од сто луѓе.

"Забележав дека луѓето се лутат на децата во јавноста повеќе од кога било досега. Обично им се смеете кога ќе ги видиите, но сега тоа се менува. Чудно е и тажно", напишала една личност.

Некои коментираат дека мислат дека идејата за воведување зони без деца е одлична бидејќи „не сакаат да толерираат врескање на бебиња за време на повеќечасовен лет“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг