(Фото) Дали знаете како всушност изгледа виножитото? Пилот споделил фотографија од птичја перспектива

Точка

28/10/2023

14:52

5.013

Големина на фонт

а а а

Додека од Земјата можеме да видиме само дел од виножитото, тоа всушност претставува цел круг, а еден пилот споделил фотографија како тоа изгледа набљудувано од воздухот.

„Дали знаевте дека виножитата се всушност цел круг?“, стои во описот на фотографијата која прикажува како изгледа виножитото од птичја перспектива.

„Обично го гледаме само лакот затоа што земјата и хоризонтот го блокираат остатокот од кругот, но од небото, како членот на авиоекипажот Стив, можете да ја видите целата работа“, е наведено во продолжение.

Did you know that rainbows are actually a full circle? We usually see only an arch because the ground and horizon block...

Posted by Toll Ambulance Rescue on Monday, October 23, 2023

Додека имало такви кои биле изненадени од глетката, други во коментарите под објавата напишале дека имале можност да ја видат ваквата глетка додека летале со авион.

Виножитото е честа оптичка појава во земјината атмосфера во форма на еден или повеќе обоени кружни лаци, која настанува со еднократно или повеќекратно прекршување (рефракција) и одбивање на светлосните зраци (рефлексија) од капките дожд.

Појавата обично се гледа на „завесата“ од капки дожд кога набљудувачот стои свртен со грбот кон сонцето и гледа во правец на таа „завеса“. Спектралните бои на виножитото се подредени од црвена на надворешниот раб до виолетова на внатрешниот раб.