Питата од портокал или портокалопита е десерт којшто често може да се најде во грчките слаткарници.
Кога ќе кажеме слатка грчка пита, поголем дел од луѓето помислуваат на баклава. Сепак, после сочните баклави, ни стигнува доста поблага форма – прекрасен и сочен колач со име портокалопита.
Постојат разни верзии на овој колач, некои го преливаат со чоколадна глазура, но основниот рецепт секогаш е ист и ние ќе ви го претставиме денеска.
Состојки за колач:
- 400 грама кори за пита;
- 3 јајца;
- 280 грама грчки јогурт;
- 100 грама шеќер;
- 220 милилитри масло;
- Кора од 3 портокали;
- 1 лажица екстракт од ванила;
- Прашок за печиво.
Сируп:
- 300 грама шеќер;
- Сок од 3 портокали;
- 500 милилитри вода;
- 1 портокал исечкан на кругови;
- Цимет по желба.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а плех со големина 20х30 намачкајте го со масло. Корите за пита исечкајте ги на ситни парчиња и оставете да се исушат. Изматете ги јајцата и шеќерот, па додадете го јогуртот, маслото и прашокот за печиво. Во смесата додадете ја кората од портокал и ванилата. Во таа смеса постепено ставајте ги исечканите кори.
Смесата ставете ја во плех и печете 20-24 минути, додека не заруменат. Извадете го колачот и оставете да се излади, па со виљушка избоцкајте го.
Сируп: Шеќерот, сокот од портокал и водата ставете ги во сад и варете додека не почнат да вријат. Кога ќе почне да врие водата намалете ја температурата и оставете да крчка уште 5 минути. Додадете ги исечканите кругови портокал и цимет доколку сакате. Варете на пониска температура уште 15-на минути. Кога сирупот е готов распоредете го рамномерно на изладениот колач.
Оставете го колачот да го впие сирупот, а најдобро е да го јадете во текот на утрешниот ден за да биде посочен.
Уживајте во неодоливиот вкус!