Директорот на Левис го открил вистинскиот начин на перење фармерки, а со одговорот зачудил многумина

Точка

16/10/2023

16:00

7.617

Големина на фонт

а а а

Колку често треба да се перат фармерките? Перењето на облеката е неопходна, а навиката за носење на истата варира кај секоја индивидуа. Некои носат облека еднаш и потоа ја перат, некои пак ги носат парчињата и по 2-3 пати пред да ги стават во машина за перење.

Сепак, изгледа дека за фармерките има поинакво правило, барем ако им се верува на експертите. Имено, извршниот директор на компанијата „Леви Штраус“, Чарлс Берг, кренал голема прашина година кога изјавил дека фармерките не треба да се перат во машина за перење.


И мораме да претпоставиме дека ако некој знае како треба да се третираат фармерките, тогаш сигурно е човекот кој е шеф на компанијата која прва се впуштила во производството на фармерки и која стои зад иконските „левиски“.

Сепак, Берг неодамна го разјаснил своето тврдење кое го изјавил во емисијата на „CNBC“, што предизвикало многу контроверзии.

„Никогаш не реков да не ги перете фармерките“, рекол тој, па додал дека тој никогаш не користи машина за перење и освежување на фармерките.


„Експертите и луѓето кои навистина го сакаат својот тексас, ќе ви кажат никогаш да не ги ставате своите фармерки во машина за перење. Па така и јас го следам тоа правило“ – потенцирал.

Имено, перењето фармерки во машина за перење може да влијае на нивната форма и боја, а исто така да доведе до абење на влакната на тексасот, што може да влијае на истенчување на ткаенината, создавање дупки или кинење.

Фармерките треба да се перат со детергент под туш, односно „на рака“

Берг, секако, истакнал дека сето ова не значи дека треба да ги оставите фармерките извалкани.

„Треба да ги ставите под туш или во некој сад и да ги истриете со детергент, а потоа добро да ги исплакнете“.

И Викторија Бекам еднаш изјавила дека никогаш не ги пере фармерките

Инаку, Викторија Бекам исто така во една прилика изјавила дека никогаш не ги пере фармерките. „Доколку децата ми истурат нешто, тогаш морам да ги исперам, се разбира, но и тогаш ги ставам во машина на ладно перење. Во спротивно, едноставно не ги перам“, изјавила таа во 2018 година.