Оваа професија во Германија е платена и по 8.000 евра месечно

Точка

10/10/2023

22:08

15.490

Големина на фонт

а а а

Платите на државните службеници во јавниот сектор варира во зависност од повеќе фактори како што е нивниот ранг, регионалните разлики, одговорноста на позицијата и слично.

По однос на регионалните разлики, на пример, во Баварија платите се поголеми отколку во Берлин, поради општо поскапото живеење на југот на земјата.


Еве неколку примери на месечните примања за различни професии:

А2: Виш асистент, кондуктер, чувар – бруто плата од 2.216 до 2.551 евра;

А7: Медицинска сестра, детектив, казнено-поправен службеник – бруто плата од 2.538 до 3.201 евро;

А9: Главен детектив, главна медицинска сестра, началник на полиција - бруто плата од 2.897 до 3.754 евра;

А12: Државен правобранител, главен полициски инспектор, наставник-специјалист, заменик директор, наставник (основно или средно училиште) - бруто плата од 3.801 до 5.166 евра;

А13: Учител, директор, прв главен детектив - бруто плата од 4.457 до 5.731 евра;

А14: Лекар, главен лекар, училишен советник - бруто плата од 4.584 до 6.233 евра;

Професорите (С2 и Д3) во уметничките, техничките и педагошките училишта како и универзитетите заработуваат од 6.085 до 7.756 евра.