[ВИДЕО] Ова е улица во американско гратче – сакаат да им стават крај на дивите возачи

Точка

01/04/2025

20:01

1.611

Големина на фонт

а а а

Гратчето Монтгомери Тауншип во Пенсилванија, со околу 25.000 жители, реши да преземе мерки за намалување на брзото возење на една од локалните улици.

Градските власти на коловозот исцртаа кривулести линии со јасна цел – присилување на возачите да забават.

Иако во моментот возачите ги игнорираат линиите и возат право, тоа нема да трае долго – наскоро, таквото однесување ќе биде казнувано.

Дополнително, на кривулестите линии ќе бидат поставени пластични столпчиња, кои ќе ги принудат возачите да ја следат закривената патека и да возат побавно.

Безбедноста пред сè

Оваа мерка е преземена бидејќи улицата минува низ населено место, каде што жителите долго време се жалеле на неодговорни возачи.

Улицата "Grays Lane" често се користи како премин меѓу две главни сообраќајници, што ја прави атрактивна за возачите што сакаат да заобиколат поголеми патишта.

Сепак, оние што нема да ја користат оваа кратенка, ќе мора да возат до 2,4 километри подолго, во зависност од нивната дестинација.

Со новите промени, "Grays Lane" најверојатно ќе стане помалку популарен избор за заобиколување, а оние што сè уште ќе ја користат – ќе мора да возат поспоро.