Откриени детали од тестаментот на Пригожин: Настанал хаос околу наследството, а еве кој ги добива парите и имотот

Точка

02/10/2023

23:21

4.404

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин сиот свој личен имот му го препишал на својот 25-годишен син, Павел.

Оваа вест а објавил истражувачкиот медиум „Insider“ кој се повикува на каналот на „Telegram“ – „Port“, кој прикажува фотографија од последните желби кои во март ги потпишал шефот на Вагнер, а според кој имотот и парите на милионерот ќе му бидат префрлени на неговиот син Павел.

Павел не сака да го дели наследството

„Port“, повикувајќи се на извор близок до семејството, зборува за раздор внатре во кланот Пригожин околу тестаментот, бидејќи Павел одбил да го подели наследството. Освен тоа, синот на основачот на Вагнер планира и да ги наплати долговите на својот татко.

Додавајќи ги приходите на компанијата со вредноста на имотот која е наведена во тестаментот, Павел би требало да добие околу 12 милијарди рубљи или 116 милиони евра, процена слична на таа која веќе ја направил „Business Petersburg“ во 2019-та година, а која зборува за богатство од 14,6 милијарди рубљи.

Сепак, би можело да има многу повеќе пари, со оглед на долгот од 80 милијарди рубљи кое Министерството за одбрана го договорило со компаниите на Пригожин.

Меѓутоа, пред сè не е јасно што ќе се случи со јавното наследство на Пригожин, односно фондовите поврзани со Вагнер, бидејќи никогаш не било јасно дали е тој сопственик или не. Не е јасно како Павел ќе може да добие дел од наследството кое е под санкции.

Истрагата на „Financial Times“ всушност открила дека ќерките на Пригожин купувале расни коњи и дека нивната мајка имала уметничка галерија која била под контрола на компанија на Пригожин. Тешко е да се каже како се отплеткаат толку заплеткани финансии. И зошто воопшто се да му се остави само на синот?

Доколку Павел почине или се откаже од наследството, истото го добиваат вдовицата, ќерките и двегодишниот внук

Овој тестамент содржи и клаузули. Имено, Павел е принуден да го прифати „ветениот договор за подарок акции“. Но, не е прецизирано колку има. Не е познато ни кој е корисник. Тоа што е извесно е дека Павел, покрај наследството, ќе мора да обезбеди достоинствена егзистенција за вдовицата на Пригожин, нејзините ќерки Полина и Вероника и нејзината мајка Виолета, која има право на 10 проценти од наследството како пензионер.

Постои и уште еден конечен услов кој Пригожин му го наметнува на Павел. Ако Павел почине, го одбие наследството или наиде на други околности, наследството ќе биде подеднакво поделено меѓу вдовицата на некогашниот шеф на Вагнер Љубов Крјажева, возрасните ќерки и внукот.